Фото: Стефан Стојановиќ

Српската авторка на текстови Марина Туцаковиќ почина синоќа на 68 -годишна возраст, потврди за „Нова.рс“ нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ. Марина Туцаковиќ со години се бореше со ракот на дојка. Пред неколку дена нејзе и беше дијагностициран коронавирус, поради што беше хоспитализирана во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“.

Нејзиниот син Милан Радуловиќ претходно за „Нова.рс“ изјави дека неговата мајка е во лоша состојба.

„Само ми рекоа дека сатурацијата е многу ниска. Тоа значи дека таа едвај дише “, рекол Лача за „Нова.рс“.

Марина Туцаковиќ ја започна својата кариера соработувајќи со групата „Зана“, за која го напиша хитот „Додирни ми колен“а, кој претрпе бројни препеви. Инаку, таа соработуваше со музичари од српското говорно подрачје. Таа е авторка на текстови  за песни на Цеца, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, групата „Зана“, Тоше Проески, Џеј, Жељко Самарџиќ, Аца Лукас, Саша Матиќ, Милиграм, Жељко Јоксимовиќ, Ана Николиќ, Северина, Неда Украден, Наташа Беквалац, Оливер Мандиќ, Слаѓана Милошевиќ, Харис Џиновиќ, Тања Савиќ…