четврток, април 25, 2024
домаНасловнаПочина српскиот патријарх Иринеј, прогласена тридневна жалост

Почина српскиот патријарх Иринеј, прогласена тридневна жалост

Патријархот на Српската православна црква, Иринеј (90) почина денес во ВМЦ Карабурма, каде беше хоспитализиран поради инфекција со вирус корона, откако му се влоши здравствената состојба. Денес Владата на Србија донесе одлука да прогласи тридневна жалост во Србија по повод смртта на патријархот Иринеј. Деновите на жалост ќе бидат од денес 20 ноември до недела 22 ноември, се наведува во соопштението.

Дабро-босанскиот митрополит Хризостом ќе биде на чело на Српската православна црква до изборот на нов патријарх, откако патријархот Иринеј почина утрово како резултат на корона вирусот.

Уставот на Српската православна црква предвидува дека српски патријарх може да биде секој што бил „епархиски епископ најмалку пет години“, а постапката налага тројца кандидати да бидат избрани со тајно гласање од Соборот, чии рамноправни членови се митрополити и епископи во Србија и во светот.

По повод смртта на патријархот Иринеј, пристигнуваат изјави за сочувство од официјални лица и јавни личности од Србија и регионот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ