Тигран Калебота почина денеска, на возраст од 54, потврди менаџерот на бендот Лидија Бали. Тој со Давор Гобац и Смиљан Парадиш Шпарке се основачите на бендот Психомодо поп.

Во Групата Нерон Тигран Калебота свирeше од 1981-1983 заедно со Шпарк. По доаѓањето на Гобац на бендот во 1983 година, групата од Нерон го промени своето име во Психомодо поп.

– Сите сме во шок. Тигран почина ненадејно. За сега не се знае да се каже ништо повеќе од тоа – рече менаџерката Бали.

За ненадејната смрт на тапанарот имаше и соопштение на официјалната страница на Фејсбук профилот на бендот:

– Почитувани, неочекувано не напушти нашиот тапанар и голем пријател Тигран Калебота. Во голем шок сме. Ве молиме обидете се да не разберете се додека не си дојдеме на себе – стои во соопштението.
Работел и во ТВ Загреб од 1985 година како инженер за звук и тоа се до  1996 година, кога одлучи да му се посвети само на бендот.