Еден од основачите на легендарната група „Крафтверк“, Флоријан Шнајдер, почина на 74-годишна возраст, објави денес „Би-Би-Си“.

Шнајдер кратко време боледуваше од карцином и, како што се наведува во соопштението, „почина неколку дена по неговиот 73-ти роденден“. Флоријан Шнајдер и Ралф Хедер, кои го основаа „Крафтверк“ во 1970 година, се сметаат за пионери на електронската музика.

Шнајдер ја напушти групата во 2008 година во која Хедер остана единствениот оригинален член на групата од основањето. А.Р.