Дизајнерот е роден во Италија во 1922 година, но како дете емигрирал во Франција. Во 1946 година бил ангажиран како кројач од Кристијан Диор, кој ја отворил својата модна куќа. Четири години подоцна – во 1950 година, тој основа своја сопствена модна куќа. Во своите модели тој се потпира на апстрактниот дизајн. Тој е еден од првите кој ќе понуди унисекс мода и е креатор на прет-а-порте.

Францускиот моден дизајнер Пјер Карден почина на 98-годишна возраст. Тажната вест ја соопшти неговото семејство. Карден почина во болница во близината на Париз.

Легендарниот дизајнер го запиша своето име во историјата на модата откако ја издаде првата машка колекција наречена „Цилиндар“ во 1960 година, претставена од 250 француски студенти. На 52-годишна возраст, Карден стана првиот моден дизајнер кој се појави на насловната страница на магазинот „Тајм“, а еден од ретките кои својот потпис го стави и на мебел, минерална вода, грамофони и автомобили.

А.Н.