Лидерите на 28 земји-членки на Европската унија на средба во Брисел договараат нови мерки за ограничување на пристигнувања на мигранти преку Средоземното Море, додека, како што оцени Ројтерс, растечкото незадоволство околу имиграцијата „ги притиска“ владите од Германија до Италија.

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува дводневниот самит да ја спаси нејзината позиција на канцелар размрдана од мигрантската криза.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, е подготвен да потпише договор со Меркел, со цел да и го олесни на Германија враќањето на барателитер на азил во други европски земји, пишува „Фајненшл тајмс“.

Ципрас за весникот изјавил дека е отворен за посебен договор со Берлин за да се намали „секундарното движење“ (кога барател на азил од земја на ЕУ во која прво стигнал за да бара азил, заминува во друга земја на Унијата).

Според Ципрас, постојните правила на ЕУ за прераспределба на баратели на азил меѓу земјите-членки на Унијата се „застарени“.

ЕУ ќе, според нацрт-соопштението на дводневниот самит, ќе ги зајакне своите надворешни граници и ќе потпише договори кои ќе се зголемат финансиските издавањаза земјите од Северна Африка, со цел да се спречи доаѓањето на луѓе во Европа, пишува Ројтерс.

Лидерите на ЕУ се длабоко поделени во однос на прашањето за тоа што да се направи со легитимните баратели на азил кои избегале од конфликти на Блискиот Исток и Африка. Ова прашање земјите-членки на ЕУ длабоко ги подели изминатите три години и сеуште нема индикации дека ќе биде решено.

Разликите се особено нагласени во последните неколку дена, што покажува дека ќе има енергична дебата зад затворени врати, проценува британската агенција, додавајќи дека лидерите на ЕУ во јавноста се обидуваат да го покажат своето единство.

Според податоци на ОН, оваа година имаше 44.000 пристигања преку морето, што е значително помалку отколку во 2015 година, кога повеќе од еден милион бегалци и мигранти пристигнале на европскиот брег.