Белгискиот државен секретар Ева де Блекер ги објави цените на вакцините против КОВИД-19, објавија локалните медиуми. Забележано е дека податоците беа објавени на Твитер за време на дискусијата за федералниот буџет, која траеше 30 часа. Де Блеккер после тоа ја избриша пораката со доверливи информации.

Според најавените податоци, дозата на вакцината за „AstraZeneca“ чини 1,78 евра, за „Johnson & Johnson“ – 8,50 долари, за „Sanofi“ – 7,56 евра, за „Pfizer“ – 12 евра, за „CureVac“ – 10 евра, и „Модерна“ – 18 долари, јави БТА.

Овие податоци се дел од прелиминарните договори за снабдување потпишани од Европската комисија, кои им овозможуваат на земјите од ЕУ да добијат вакцини во одредени количини по фиксна цена. ЕК одби да ги објави официјално цените, објаснувајќи дека тоа е деловна тајна, но ги достави сите податоци на земјите.

А.Н.