Додека циркулираат две петиции, една за отповикување на Васил Гарванлиев од евровизиски претставник, а друга за негова поддршка, МРТВ допрва ќе одлучува што со претставник на Евровизија. Интерна комисија ја анализира состојбата и наскоро ќе донесе конечна одлука.
-Македонската Радио Телевизија формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот Евросонг. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската Радиодифузна мрежа, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ“, вели Мери Попова, шефица на македонската делегација на Евровизија при МРТВ, известува ТВ Сител. 
 
Ова е новонастаната состојба по бурните реакции на јавноста во врска со Васил Гарванлиев и видео спотот на евровизиската песна, во која револт предизвика уметничко дело во музеј со комбинација на боите  како бугарското знаме. Спотот беше премонтиран и тие кадри се тргнати. 
Васил се извини ако некој се нашол повреден во чувствата.
 
“Во моментот кога дознав дека луѓе се погодени и грешка е сфатено тоа дело во музејот, направив чекор, спотот се смени, се истргнаа тие и го објавивме одново. Во музика нема политика, нема раса, нема боја. Има љубов, има човештво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сè срце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кој и да сте, прости ми”, изјави тој Васил Гарванлиев.
 
Гарванлиев  е во 2019 година беше на Евровизија како придружен вокал на Тамара, а минатата година и годинава како солист.  Реакции предизвика и тоа што јавно ка дека веќе 20 години има бугарски пасош и бугарски корени по баба.