Утрово во 4 часот на аеродромот во Белград, имаше инцидент поради кој се откажаа сите летови. Аеродромот е отворен околу 11:20 часот.
„Аеродромот Никола Тесла Белград е отворен за воздушен сообраќај и ги очекуваме првите полетувања и слетувања!“ – соопшти аеродромот во Белград.

Пред 11 часот стигна и информација дека египетскиот авион конечно е отстранет од пистата и дека аеродромот треба да се отвори наскоро.

Авионот кој утрово во 4:11 часот имаше инцидент на аеродромот „Никола Тесла“, и потоа ја блокираше пистата е стар 11 години, а се работи за модел Боинг 737-866, пишува Телеграф. Тој го имаше својот прв лет на 21 август 2007 година, а во последниот месец направи 143 летови, што е просек од четири летови дневно, се додава.

Како што дознава порталот „TangoSix.rs“, незгодата се случила поради несоодветно слетување. Имено, при слетувањето имало директен контакт (десно, што е очигледно од поголемо оштетување на десното тркало), а потоа претерано сопирање поради изгубената насока. За време на силното сопирање, гумата пукнала.