четврток, април 25, 2024
домаКујнаПравото на глас во ОН го изгубија осум земји поради долг

Правото на глас во ОН го изгубија осум земји поради долг

На Венецуела и Либија не им беше овозможено да гласаат на Генералното собрание на ОН по трет пат во последните три години поради долгот од повеќе милиони долари кон светската организација.

Меѓу земјите кои исто така го изгубија правото да гласаат се Централноафриканската Република, Доминиканската Република, Маршалските Острови, Суринам, Јемен и Екваторијална Гвинеја.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, го информираше Генералното собрание кон крајот на јануари дека 14 земји, вклучувајќи ги Венецуела и Либија се во долгови, а портпаролот Бренден Варма, потврди дека Либија и Венецуела го загубија правото на глас.

Според писмо испратено од Гуутерес до претседателот на Собранието, Венецуела должи околу 25 милиони долари, а Либија шест, што мора да ги платат за да го вратат своето право на глас.

Во резолуцијата исто така се наведува дека на земјите Коморос, Гвинеја-Бисао, Сао Томе и Принсипе и Сомалија им е дозволено да гласаат и покрај долговите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ