Сезона е на праските, овошје за кое експертите велат дека е добро за регулирање на крвниот притисок и подобрување на видот.

„Кога загризувате во тоа слатко црвеникаво овошје, во устата има експлозија на сок и сочно месо и покрај сето тоа, праската е полна со хранливи материи“, вели д-р Кери Ганс од „Џејп бреин траст“.

Праската постои околу три илјади години, а од Кина во 1571 година ја донеле шпанските мисионери во Европа, пишува „Шејп“.

Од Информативниот центар за дом и градина за соработка на Универзитетот Клемсон (HGIC) велат дека денес има повеќе од 100 различни сорти на праски, а нивното месо може да биде жолто, бело или црвено. Најмногу се одгледуваат сорти со слатко жолто месо, избалансирано со малку киселост. Од друга страна, белите праски имаат многу малку киселост, така што тие се слатки скоро како медот.

Покрај по бојата и вкусот праските исто така се разликуваат едни од други во нивните семки, односно во тоа дали месестиот дел е поврзан со неа или не. Праските од разни супермаркети обично немаат богат вкус како оние од пазарот или од мало локално одгледување, а една од причините за тоа, велат од ХГИЦ, е тоа што првите се механички четкани по бербата за да се отстранат вишокот влакненца.

Кога ви треба лесен и полн оброк без многу калории, добар избор, вели д-р Ганс, е зрела праска. Една праска со средна големина има само 59 калории, што според Министерството за земјоделство на САД (УСДА) е двојно помалку од бананата.

Исто така, праската не обезбедува енергија од таканаречените празни калории, а со нејзино консумирање, ќе добиете хранливи материи со секој залак.

Со една праска ќе внесете околу 2,25 грама макронутриенти и ќе бидете еден чекор поблизу до препорачаниот дневен внес на влакна, што според УСДА е околу 28 грама. Во тие неколку грама, праските содржат околу 60 проценти нерастворливи влакна, што и помага на храната да помине побрзо низ стомакот, и делумно растворливи влакна што го забавуваат варењето на храната.

Д-р Ганс исто така посочува дека праските не само што ќе ви помогнат да се чувствувате сити, туку исто така ќе помогне во регулирањето на шеќерот во крвта и холестеролот. Покрај тоа, истите тие влакна можат исто така да помогнат во спречувањето на запек, па ако страдате од запек, земете праска.

Според УСДА, праските содржат скоро 10 милиграми витамини, најсуштински најмногу заради нивните антиоксидативни ефекти. Антиоксидантите се борат со слободни радикали во организмот, а исто така можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот, рече Ганс.

Праските исто така можат да помогнат во регулирањето на крвниот притисок, како резултат на калиумот што го содржат, поради што крвните садови се шират и повеќе натриум се излачува преку урината, што го снижува крвниот притисок.

Една праска со средна големина содржи 24 микрограми витамин А, хранлива материја која може да помогне во подобрување на видот. А.Р.