Пратеничката на СДСМ од Прилеп, како што пренесе Канал 5, Кети Смилеска, е заразена од коронавирусот.

Според информација Смилеска во болница била сместена во саботата кога нејзината состојба се влошила. Таа реагирале и побарала помош откако ги почувствувала симптомите на вирусот, покачена температура, кашлица, малаксаност…
Пратеничката не знае како се заразила, а епидемиолозите од анкетата ќе утврдуваат како дошла во контакт со заболен од вирусот.  Таа во изјава за Канал 5 вели дека се чувствува добро и апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките на владата со цел да ја избегнат болеста.
Прилеп е меѓу водечките градови по Скопје и Куманово со заразени од корона вирусот, само денес има 10 ново заразени, а вкупниот број на регистрирани на вирусот е  85 лица.

 

Пратеничката со оглед на тоа што Собранието е распуштено немала контакти со колеги оттаму и нема потреба од тестирање на пратениците, а поради препораките за седење дома, таа и немала контакти со граѓаните.

Н.С.