Министерот за здравство, доц. Венко Филипче на неговата официјална фејсбук страна објави дека првата доза од 5850 вакцини против Ковид 19 од производителот Фајзер ситигнува во февруари. Филипче потенцира дека во директни преговори обезбедени се 800.000 дози за цела 2021, со што ќе се покријат минимум 20 отсто од населението.

„Пратка со поголема количина вакцини ќе дојде во март и април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе ја утврдиме“ – пишува министерот Филипче во неговата објава на фејсбук.

Н.Д.