четврток, април 25, 2024
домаЖивотЖивотна срединаПрва пресуда за аерозагадувањето како причина за смрт на 9-годишно девојче во...

Прва пресуда за аерозагадувањето како причина за смрт на 9-годишно девојче во Велика Британија

Во декември се случи историски развој што ќе го обележи и влијае на дејствувањето на градовите на квалитетот на воздухот: во историска пресуда беше наведено дека загадувањето на воздухот е причина за смртта на 9-годишната Ела Киси-Дебра, првата личност во Велика Британија која починала поради загадување на воздухот што ја влоши нејзината астма. Девојчето кое почина во февруари 2013 година, беше изложено на загадување со азот диоксид и ПМ честички, што ги надминува упатствата на Светската здравствена организација, чиј главен извор беа емисиите во сообраќајот, известува Глобалниот сојуз за клима и здравје (GCHA).

Претходно во текот на месецот, извештајот за одбројувањето на Лансет за 2020 година (Lancet Countdown report ) повика одговорот на Ковид-19 да биде „целосно и директно усогласен со националните стратегии за климатски промени“, велејќи дека и двете овие кризи во јавното здравство мора внимателно да се испитаат и тесно да се поврзат, и дека здравствените работници се добро поставени да дејствуваат како мост помеѓу двете прашања.

Во Извештајот се истакнува дека светот веќе се загреа 1,2 степени Целзиусови и открива дека влијанијата врз здравјето на луѓето се забрзуваат. Додека владите инвестираат средства за закрепнување од Ковид-19, Глобалниот сојуз за клима и здравје (GCHA) ги повика националните влади да ги засилат своите климатски обврски согласно Парискиот договор и да ги усогласат инвестициите и одлуките за опоравување од Ковид-19 со одржлива иднина со здрава клима.

„Ставањето под контрола на пандемијата е од суштинско значење за здравјето на јавноста и од суштинско значење за нашето економско здравје“, рече извршната директорка на GCHA, Џени Милер. За ефикасно решавање на двете кризи, „владите мораат да водат интегрирана стратегија која ги инвестира јавните средства мудро, ги лекува, штити и поддржува луѓето рамноправно и ги става климатските активности брзо на пат кон здрава, безбедна и одржлива иднина“. А.Р.

RELATED ARTICLES

Most Popular