После повеќе месечна работа заврши комплетната припрема и излезе спотот за „Срцето мое тука чука“, првиот поп сингл на Никола Зацески, на музичката јавност во нашата земја познат и етаблиран како оперски пејач.

“Многу успешно и со преголема енергија се заврши комплетното снимањето за мојата прва песна и спот во Австралија и Македонија. Со нетрпение чекам да го споделам со вас овој мој прв најголем проект, кој е составен од врвни професионалци. Се надевам дека ќе успее да допре нашата порака до секој еден. Толку е едноставна и има една цел љубов, среќа, радост, убавина”, порачува Никола Зацески.

Никола Зацески или “Волшебниот Глас”, како што го нарекуваат многу критичари и колеги,  за реализација на својот прв поп проект, состави врвна екипа на професионалци од Македонија и Австралија.

Од Македонија во аудио продукцијата удел имаше студио „XL Момироски“, музика, продуцент и миксинг: Николче Мицевски, текст: Весна Малинова. Видео продукцијата е на тимот Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев, Христијан Српцански, модели: Клаудија Бабаровска, Симона Митревска.  Од Австралија на песната работеа „The Jam Hut Recording Studio“, продуцент: Горан Вељановски, видео: Миле Манев. Поддршка пружи непрофитната организација “Игри Без Граници” “Play Without Boundaries “. А.Н.