четврток, април 25, 2024
домаНасловнаПрвите доброволци од Велика Британија примија пробна вакцина против коронавирус

Првите доброволци од Велика Британија примија пробна вакцина против коронавирус

Првите двајца доброволци, од вкупно 800 апликанти, примија пробна вакцина против КОВИД-19 на Универзитетот во Оксфорд, јави „Би-Би-Си“.

Половина од доброволците ќе ја примат вакцината против КОВИД-19, а другата половина контролна, против менингитис, која не штити од коронавирус. Само лекарите кои учествуваат во студијата ќе знаат која вакцина ја примил секој доброволец.

Меѓу доброволците е и Елиса Гранато, која ја прими вакцината и за „Би-Би-Си“ изјави дека самата е научник и сакала да се обиде да го поддржи научниот процес колку може.

Вакцината е развиена за помалку од три месеци од тим од универзитетот Оксфорд. Сара Гилберт, професорка по ваксикологија на Институтот Џенер, ги водеше претклинички истражувања.

„Лично, јас имам висок степен на доверба во оваа вакцина“, рече таа.

„Секако, ние мора да ја тестираме и да добиеме податоци од луѓето. Мора да покажеме дека таа навистина делува и ги спречува луѓето да се заразат со коронавирус пред употреба на вакцината кај општата популација“, објасни таа.

Професорката Гилберт претходно изјави дека е „80 проценти убедена“ дека вакцината ќе делува, но сега повеќе не сака да каже дека е „многу оптимистична“ во поглед на шансите. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ