Фото: Википедија

Првпат двајца лидери на Црвените Кмери, некогашна владејачка партија во Камбоџа, се прогласени за виновни за геноцид.

Нуон Чеа (92), кој беше заменик на Пол Пот, лидер на Маоистичката партија, и Кије Сампан (87), кој беше претседател на земјата, пред судот поддржан од ОН беа обвинети за истребување на Чам муслиманите и Виетнамците.

Пресудата со која се прогласени за виновни е прво официјално признание дека она што го правел режимот било геноцид, како што е дефинирано со меѓународното право, истакнува „Би-Би-Си“.

Се верува дека до два милиона луѓе, претежно Кмери, биле убиени или починале во тек на краткото, но брутално владеење на режимот на Црвените кмери, односно од 1975 до 1979 година.

Обвинети беа уште двајца лидери на Црвените Кмери, Та Мок и Иенг Сари, но тие починаа пред крајот на судењето. Лидерот на Црвените Кмери Пол Пот почина уште во 1998 година.