И покрај тоа што заминувањето на семеен одмор со бебе се чини како „страшна“ задача, особено ако е прв пат, не мора да биде така. Доколку добро го испланирате и ги следите основните насоки, првото летување со вашето бебе може да биде прекрасно искуство.

Оваа година со оглед на ситуацијата сите сме во недоумица дали воопшто ќе се оди на одмор, и дали тоа ќе биде дозволено само на нашите одморалишта, еве ги основните работи што треба да ги имате на ум ако се решите да отиде надвор од вашиот дом.

Сите бебиња не се исти. Така ако некои полесно го прифаќаат воспоставениот дневен распоред, други бебиња на иста возраст тоа не го сакаат. Пред време родените, оние со помала родилна тежина, имаат потреба почесто да се хранат и тие спијат пократко во однос на другите бебиња. Затоа кај нив е и потешко да се воведе дневниот распоред.

Временската разлика, поточно преминувањето во друга временска зона, ќе ги смени навиките на вашето бебе, но без грижи тоа прилагодување е вообичаено кратко. Ако вашето бебе вообичаено се будело во 7 наутро со промена на сатот ќе се бду во 6. Но тоа вообичаено трае неколку дена, за потоа тоа повторно да продолжи да се буди во 7 часот.

Сепак можете да се обидете да ги избегнете евентуалните потешкотии со прилагодувањето, на тој начин што ќе го легнувате 10-15 минути порано или пододцна на спиење. За една недела тоа ќе го даде саканиот резултат. Истите совети се однесуваат и за преминување во друга временска зона. Во зависност од тоа во која временска зона идете на летување поместувајте го часовникот една недела претходно по 15 минути понапред или поназад. На враќање од летување праветет го тоа обратно и ќе немате никаков проблем. Бидете стрпливи додека внатрешниот часовник на вашето бебе се навикнува на новото време.

Еден од начините да му помогнете на вашето дете да воспостави рутина во спиењето е и да му дадете сигнали кога е дневна а кога ноќна смена. Се препорачува во текот на денот да имате многу шетање и играње на отворено, а потоа легнување во креветче, во затемнета просторија, за бебето да се подготви за спиење.

Ако поминете една недела на одмор во иста временска зона, големи се шансите дневниот распоред кој што сте го имале дома да го продолжите и на летувањето. Тоа значи дека ќе можете да уживате во летувањето. Главното прилагодување ќе биде да се навикне на непознатото опкружување и различното место на спиење.

Но доколку вашиот одмор е замислен со многу шетање и активности, а за тоа време вашето бебе дремнува во седиштето од автомобилот или во количка во текот на денот, а навечер останувате надвор до доцна, и често јадете во движење, во тој случај по враќањето од летување ќе забележите дека на вашето бебе му е потребно повеќе време да се врати на секојдневниот распоред.

Ако на вашето бебе му недостасуваат час или два здрав сон, кој редовно го имал секој ден, веројатно нема да ужива во дополнително испланираните активности.

Доколку ја исклучите утринската дремка, а попладневниот одмор го одложите за подоцна, можно е бебето сосема да го прерипа пладневниот одмор и потоа да биде исцрпено и мрзоволно до вечерното спиење. Доколку сепак заспие, но тоа е доцна попладне ќе имате проблем кога ќе сакате да го легнете бебто на ноќно спиење. Некои бебиња за сета среќа, кога ќе им дојде времето за дремнување тоа ќе го направат, па и во некое друго време од вообичаеното, додека други бебиња измените во дневниот распоред ги „исфрлаат од колосек“.

Ал.Н.