четврток, април 25, 2024
домаНасловнаПрвпат во историјата: Олимписките игри одложени за 2021

Првпат во историјата: Олимписките игри одложени за 2021

Иако се шпекулираше дека ќе бидат потребни четири недели за да се донесе одлука, сепак веднаш е решено – Олимписките игри се одложени!

АП пренесува дека јаноскиот премиер Шинзо Абе и претседателот на МОК, Томас Бах, разговарале за одложувањето на Игрите, кои беа предвидени од 24 јули до 9 август, при што Јапонија рекла „ДА“.

Неименуван член на Владата изјавил дека Игрите ќе бидат „одложени“, изјавувајќи дека одложувањето нема да надмине една година, што вчера го потврди и еден од највлијателните членови на Меѓународниот олимписки комитет, Канаѓанецот Дик Паунд. Соопштението го објавија денес и Американците, а го поддржува и претседателот на британскиот комитет.

Одложувањето на Игрите ќе биде удар за домаќинот, кој инвестираше повеќе од 12 милијарди долари во организацијата, а големи суми, исто така, инвестираа бројни покровители и радиодифузери.

Пронаоѓањето на нов датум нема да биде лесно, бидејќи во богатиот календар ќе мора да се најде места за Олимпијадата, каде илјадници спортисти ќе се натпреваруваат во 33 спортови, а неофицијално е дека ќе се случува во 2021 година – во сличен термин.

Европското првенство во фудбал веќе е одложено за 2021 година, а предвидени се многу светски и континентални натпревари во други спортови.

Сепак, треба да се очекува од многу меѓународни федерации да го следат примерот на атлетските лидери, кои веќе најавија дека се подготвени да го променат терминот на Светското првенство во атлетика што треба да се одржи во Јуџин (САД) од 6 до 15 август 2021 година. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ