Ванеса Брајант доживеа страшна трагедија на почетокот на 2020-та – ги загуби сопругот и ќерката во хеликоптерска несреќа. Сепак, за најголемиот христијански празник, таа можеше, барем за еден момент, да биде навистина среќна.

Коби Брајант, кој почина во трагична несреќа со својата ќеркаЏани и седум други лица на крајот на јануари, ги остави зад себе сопругата и трите деца, 17-годишната Наталија, Бјанка, која има четири години и малата Капри која се роди на средината во 2019 година.

За нив, Ванеса, како вистинска мајка, подготви подароци за Велигден, што се слави оваа недела според Грегоријанскиот календар. Таа ги снимала своите најмали деца со употреба на мал, дрвен чекан за да отвори велигденски подарок, во кој имало чоколади.

За прв пат од смртта на нејзиниот сопруг, Ванеса Брајант на социјалните мрежи сподели со светот радосен момент од нејзиниот дом, откако во јануари беше објавено дека Коби, Џана и другите патници што се наоѓале во хеликоптер во кој имало уште две малолетни девојчиња, соиграчи на Џана, загинаа по трагичниот пад на хеликоптерот.
Минатата недела, Коби Брајант беше постхумно назначен како член на Куќата на славните кошари, со Тим Данкан, Кевин Гарнет, поранешниот тренер Руди Томјановиќ, поранешната ѕвезда на НБА, Тамика Кингсингс, тренерот на жени на Бајлор, Кил Мулки, поранешна тренерка на Дивизија II, Барбара Стивенс , поранешниот тренер за мажи во Дивизија I, Еди Сатон и поранешен директор на ФИБА, Патрик Бауман.

Ал.Н.