четврток, април 25, 2024
домаНасловнаПредложени нови мерки за празниците: Угостителските објекти да затвораат во 18 часот,...

Предложени нови мерки за празниците: Угостителските објекти да затвораат во 18 часот, забрана за групирање по плоштади

Комисијата за заразни болести утрово препорача нов пакет на рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 21 јануари.

Една од мерките е угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците.

Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.

На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.

На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ