Интернет пребарувачот „Гугл“ собира огромна количина приватни податоци на своите корисници, предупредуваат од компанијата „Дакдакго“, која исто така обезбедува услуга за пребарување на интернет.

Компанијата „Епл“ сака да се наметне како заштитник на приватноста на корисниците, така што корисниците на телефоните на брендот ќе можат брзо и лесно сами да одлучат дали сакаат да ги споделат своите податоци со апликации и услуги.

Ова исто така го принуди „Гугл“ да објавува детали за приватноста на своите апликации и информации во врска со корисничките податоци што ги собира. Се покажа дека ова е голема количина на податоци што „Гугл“ ги собира заради рекламирање на трети страни, аналитика, персонализација на производот и функционалност на апликацијата.

Тимот што работи со веб-пребарувачот „Дакдакго“ го критикува „Гугл“ за неверојатната количина на податоци што ги собира. „Дакдакго“ преку Твитер коментира дека не е чудно што „Гугл“со месеци го одложува објавувањето на податоците за приватноста, имајќи ги предвид сите информации што ги собира за корисниците.

„Дакдакго“ вели дека шпионирањето на корисниците нема никаква врска со развојот на интернет-пребарувачите.

Иако сите се свесни дека „Гугл“ знае повеќе информации за корисниците отколку нивните пријатели или роднини, големата количина на податоци што ги собира, а сега се откриваат, е многу изненадувачка, наведува интернет пребарувачот. А.Н.