Mandatory Credit: Photo by Action Press/Shutterstock (10443547s) Jennifer Aniston 'The Morning Show' TV show photocall, West Hollywood Edition Hotel, Los Angeles, USA - 13 Oct 2019

Џенифер Анистон денес е една од најомилените ѕвезди на Холивуд, а нејзината заработка достигна неверојатни 150 милиони долари, пренесува веб-страницата  sitcom. Сепак, не беше сè одлично на почетокот на нејзината кариера.

– Продавав сладолед. Чекав околу две и пол години додека го добив првиот ангажман. Цело време одев на аудиции … не можев да добијам улога ниту во реклама – изјави таа во една прилика.

Пред аудицијата за „Пријатели“ во раните 90-ти, поранешната сопруга на Бред Пит дури морала да позајми 80 долари за да ги земе професионалните фотографии што и биле потребни за аудицијата. Таа ја доби улогата, а интересно е што првата идеја на продуцентите била Џенифер да ја игра Моника, а Кортни Кокс да биде Рејчел. Но, се премисилија и Џенифер стана Рејчел, а Кортни – Моника и тоа се покажа како целосен успех.

Како што серијата стануваше сè попопуларна, така и заработката на актерите. Во првата сезона, секоја од шесте ѕвезди на заработи 17 000 долари по епизода, а до последната сезона таа бројка порасна на неверојатни 770.000 долари по епизода. Фактот дека последната епизода во 2004 година ја гледаа 52,5 милиони гледачи во САД покажува колку е популарна серијата.
„Пријатели“ ја вивна Џенифер меѓу најпопуларните холивудски sвезди, па денес таа заработува до осум милиони долари по филм. Исто така, Џенифер заработува богатство од рекламни кампањи за популарни модни брендови, а пред неколку години го промовираше својот парфем на пазарот.

„Мислам дека работам понапорно од кога наполнив 40 години и не гледам дека тоа темпо се забавува“, рече таа.

Споменатите 150 милиони долари сигурно ќе растат во наредните години. Дури и да нема нови депозити, банкарската сметка на Џенифер Анистон ќе го надополни повратот на „Пријатели“ кој се очекува наскоро. Се шпекулира дека секој член на популарната серија ќе добие милиони долари по епизода.

Н.С.