Вечерва во МКЦ (кино Фросина) ќе се одржи премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ со почеток од 19:30 и 20:30 часот.

„Прашливи цвеќиња“ (Dust flowers) е дебитантски и самофинансиран краткометражен филм на Мирослав Илиќ. Досега има добиено 2 награди за најдобар краткометражен филм и веќе е во 4 официјални селекции на престижни фестивали.

-Сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност.

Режијата на краткиот македонски филм во траење од 17 минути, е на Мирослав Илиќ, а играат: Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак, Христина Цветаноска.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Влезот е слободен, со претходно набавување на бесплатни билети преку bileti.mkc.mk.