Денес и утре, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе биде премиерно одиграна претставата „Вистинскиот запад“, по текст на Сем Шепард, а во режија на Борис Василески.

“Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува”, се вели во најавата.

Играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, Тања Кочовска. Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев, костимографија: Симона Даноска, извршен продуцент: Ава Хусеини, превод од англиски јазик: Марио Стојаноски, музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, дизајн на постер: Ана Јачева.

Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Изведбите на претставата се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.

Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.