четврток, април 25, 2024
домаКујнаПремиера на „Уметничка фузија етничка инфузија без дискусија “

Премиера на „Уметничка фузија етничка инфузија без дискусија “

Во вторник, на 22 септември, од 21 часот, пред платото на НОБ ќе се одржи музичка претстава „Уметничка фузија етничка инфузија без дискусија “.
Тројца студенти од музичкиот и драмскиот факултет (од различна етничка припадност: албанска, влашка, турска), очекуваат на гости да им пристигне другар оперски пејач (од ромска етничка припадност). Набргу, по игра на случајност им се придружува колега (македонец) кој решил да се занимава со угостителство и во моментот работи како келнер во ресторанот под нив. Во текот на дружбата преку разговорите и комичните моменти на овие млади луѓе и преку нивниот тален кој ќе го забележиме при извебата на прекрасните музичките нумери кои произлегуваат од нивниот богата и автономна етничка традиција за време на забавата која суптилно произлегува од оваа средба, ќе ја направат претставата блиска до публиката. Од оваа нивна средба ќе се роди и љубовта помеѓу две двојки од нив, додека петтиот протагонист кој ќе остане сам ќе се радува и ќе слави за нивната среќа, но и ќе тагува за неговиот не толку славен љубовен живот.
Целта на ова претстава е промоција на етничкиот соживот како и меѓусебната толеранција како единствен пат до успехот на секое поле, како индивидуален така и колективен. На самиот крај ќе упатат пораки за подеднаква потреба од зачувувањето на животната средина кое во последно време е на незавидно ниво, но и за образовниот процес кој директно влијае врз заедничкиот просперитет во нашата земја и врз имплементирањето на погоре наведените флоскули.
Сценарио и режија: Јордановски Трајко Светло дизајн: Милчо Александров Тон мастор: Кристијан Младеновски Плакат и флаер: Елена Алчева Учесници: Симона Јовчевска Емине Халил Агим Бафтии Ернес Ибраимовски Андреј Наунов. Проектот е поддржан од министерството за култура, Националната опера и балет, КД Аудио и @Piano Centre. Ва.Ѓ.
RELATED ARTICLES

Most Popular