Вечерва во МКЦ, со почеток од 19 часот во “Сала 25 мај“ на МКЦ ќе биде одиграна премиерната изведба на претставата „Дневна доза мазохизам“ по текст на младата хрватска авторка Дина Вукелиќ, во режија на Лука Кортина. По премиерата на 5 септември (недела), закажани се уште две изведби на 6 и 7 септември (понеделник и вторник) со почеток од 19 часот.

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и oнлајн преку www.bileti.mkc.mk. Изведбите на претставата „Дневна доза мазохизам“ се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на РСМ.