Премиерот на Италија, Џузепе Конте, апелираше до своите сограѓани да не одат на скијање за време на Божиќните празници и со тоа да го дадат својот придонес во борбата против ширењето на вирусот корона, кој досега уби повеќе од 50.000 луѓе во Италија.

Италијанските скијачки центри секоја година остваруваат приходи од околу 11 милијарди долари, а третина од таа сума се генерира за време на празниците за Божиќ и Нова година.

Премиерот Конте рече дека годинава не треба да се дозволуваат празнични патувања до ски центрите на Алпите и Доломитите, бидејќи Италија „не може да си го дозволи тоа“, објави Ројтерс.

Сепак, претседателката на здружението на италијански жичари, Валерија Гези рече дека премиерот треба да запомни дека е загрозена економијата од која живеат цели планински заедници.   А.Н.