По лажните изјави на две родилки од денес е преполовен бројот на ГАК, Чаир , како и во приватна болница, одделот за гинекологија.

Имено, наводната докторка, која дошла да се пораѓа во ГАК не пријавила дека свекорот е заразен од КОВИД. Откако некој ја препознал, ја сместиле во КОВИД ценатрот на ГАК, но таа самоволно ја напуштила болницата. Потоа отишла во приватна боница и таму без да каже дека има болен во фамилија, се породила. Од кога развила симптоми на вирусот, по што била тестира и било констатирано дека има коронавирус, била испратена на Инфективната клиника, но повлекла и седум вработени од медицинскиот персонал во болницата во самоизолација.

Друга родилка која отишла да се породи во болницата во Чаир криела дека сопругот е заразен со корона вирус. Откако во болницата разбрале дека излажала во епидемиолошката анкета веднаш ја префрлиле на ГАК, каде и направиле тест и се покажало дека и таа е позитивна. Со тоа директно атакувала на здравјето на вработените во Чаир, но и на другите родилки кои биле сместени со неа во соба. Како резултат на овој настан 14 лица од болницата се ставени во самоизолација.

Овие два настани за жал, говорат за односот на граѓаните кон вирусот.  Со преполувањето на медициснкиот персонал во болниците се намалува ефективноста на истите, а со тоа и капацитетот на истите. Во моменто на ГАК има две родилки позитивни на вирусот.

Н.С.