четврток, април 25, 2024
домаПрепорака на американска ФДА: Вакцината Фајзер и за деца постари од пет...

Препорака на американска ФДА: Вакцината Фајзер и за деца постари од пет години

Советодавниот одбор на американската Управа за храна и лекови (ФДА) изгласа препорака дека вакцината Фајзер/Бионтек може да се дава на деца на возраст од пет до 11 години. Експерти од Управата за храна и лекови синоќа ја поддржаа таа одлука, отворајќи го патот за итно одобрување во рок од неколку недели, јавува „Би-Би-Си“.

Во септември, Фајзер/Бионтек рече дека податоците од тестовите покажале дека нивната вакцина против коронавирус е безбедна за децата во таа возрасна група. Децата на возраст над 12 години веќе можат да ја примат оваа вакцина во САД. Право на оваа вакцина ќе имаат околу 28 милиони американски деца.

Одлуката сега чека дополнително одобрување од ФДА и Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Се очекува тоа да го направи на 2 ноември, што значи дека вакцинацијата би можела да започне следниот ден. На децата на возраст меѓу пет и 11 години ќе им се дава една третина од дозата дадена на возрасни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ