Илустрација: Getty Images

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж не може да биде екстрадиран во САД, каде што се соочува со обвиненија за шпионажа поради објавување на тајни американски воени документи, пренесува „Гардијан“. Сепак, можно е да се поднесе жалба што веројатно ќе го продолжи правниот процес.

За неговите приврзаници, 49-годишниот Асанж стана симбол на борбата за слобода на информации. Останува да видиме каков ќе биде односот на идниот американски претседател Џо Бајден кон основачот на Викиликс.

Асанж беше гонет под претседателство на Доналд Трамп. За време на претходникот на Трамп Барак Обама, чиј потпретседател беше Бајден, американските судови се откажаа од гонење на Асанж.

Сепак, пред 10 години, Бајден го спореди Асанж со „ високо технолошки терорист “. А.Р.