Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 18 март следната година, одлучи Советот на Федерацијата, Горниот дом на Сојузното собрание на Русија. Одлуката, која беше донесена едногласно, ќе биде објавена во рок од пет дена, по што официјално може да започне изборната кампања, пренесе новинската агенција ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека ќе учествува на претстојните претседателски избори како независен кандидат, наведувајќи дека опозицијата има „силен кандидат“, кој ќе му се спротивстави.  Путин, на годишната прес-конференција во Москва, изјави дека веќе има предизборна програма и дека се надева на поддршка од повеќе од една политичка партија.

Се верува дека опозицијата, и покрај тоа што прави „многу врева“, малку им понуди на луѓето. АП забележува дека анкетите покажуваат дека Путин има поддршка од 80 отсто од гласачите и ќе победи на изборите без проблеми. Рускиот претседател одговараше на прашања на годишната прес-конференција во Москва, за која беа акредитирани рекордни 1.640 претставници на медиумите.