Македонскиот народен театар со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот“ ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса, Р Турција.

Под раководството на Државните театри секоја пролет во Бурса се одржува Балкански театарски фестивал на кој настапуваат театарските куќи од балканските земји кои воедно даваат и голем придонес во театарската уметност. Фестивалот создава можност да се сретнат познати театарски куќи од светот, но сепак подоминантни се театарските продукции од балканските земји.

Оваа година фестивалската програма ќе се одржи од 10 до 24 март, а нашата претстава ќе се одигра на 15 март. Во претставата, по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ, играат: Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.