четврток, април 25, 2024
домаПретставување и разговор со писателката Радмила Петровиќ

Претставување и разговор со писателката Радмила Петровиќ

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ организира претставување и разговор со писателката Радмила Петровиќ. Настанот ќе се одржи на 28 јули со почеток во 20:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

Радмила Петровиќ во текот на јули е гостин на резиденцијалната програма за писатели, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“.

Петровиќ е еден од најзначајните нови гласови на српската поезија. Популарноста ја стекнува со својата нетипична поетика во која се комбинираат елементите на силниот женски глас и неконвенционалниот начин на кој ги третира темите за кои пишува. Опишувана е како мангуп девојка, со џебно нозе и жица во градникот, „која само сака некој со кого само во тишина ќе го расклопат тракторот на нејзиниот татко“.

Радмила Петровиќ е родена 1996 година во Ужице. Завршила Економски факултет во Белград. Како лауреат на 42-те Лимски вечери на поезијата ја објавила збирката песни „Мирисот на земјата“, а како победник на 22-от Поетски конкурс „Десанка Максимовиќ“ збирката „Целулозен рокенрол“. Нејзината трета збирка поезија „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ ја објавува во 2020 година. Застапена е во зборници и онлајн списанија. Песните ѝ се преведени на англиски, германски, француски, грчки, македонски и хебрејски јазик.

Првите 15 посетители на настанот ќе имаат можност да добијат бесплатен примерок од македонското издание на книгата на Петровиќ „Мајка ми знае што се случува во градовите“. Препевот на книгата е на Драгица Јорданоска и Звонко Димоски. Книгите се отстапени од ЛАГ АГРО ЛИДЕР Прилеп, а книгата е издадена со поддршка на проектот READ.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги Традуки.

 

 

RELATED ARTICLES

Most Popular