Турските власти привеле десет пензионирани адмирали, поради поддршка на отворено писмо во кое се критикува изградбата на каналот, проект за кој се залага претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Според обвинителството во Анкара, приведени се десет пензионирани адмирали. На уште четворица пензионирани офицери, кои не се приведени поради возраста, им било кажано да се пријават во полиција во следните три дена.

Писмо против проектот за изградба на каналот потпишаа околу 100 поранешни офицери. Планот на Ердоган е да се изгради канал во Истанбул. Противниците на проектот тврдат дека изградбата на каналот ќе биде непотребен трошок, катастрофа за животната средина и ќе го зголеми ризикот од земјотреси. А.Н.