четврток, април 25, 2024
дома„Проблемот на Тина“ - нов краткометражен филм на Радован Петровиќ

„Проблемот на Тина“ – нов краткометражен филм на Радован Петровиќ

На 30 јуни (среда), со почеток од 21 часот во МКЦ парк ќе се одржи светската премиера на „Проблемот на Тина“ – новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ. Филмот „Проблемот на Тина“, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на „Партизанс“, раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед. Играат: Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска-Трајковиќ.
Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, дизајн на тон Ненад Стефаноски и Драган Спасов, а монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија.Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Северна Македонија.По премиерата следува DJ set на Nastasya Kish.
Влезот е слободен, со ограничен број на бесплатни билети. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ