„Мајкрософт“ воведува некои фундаментални промени во начинот на кој работат ажурирањата на одредени верзии на „Виндоус 10“.

„Мајкрософт“ немаше многу среќа со неодамнешните ажурирања – корисници се соочија со разни проблеми, од тоа да им исчезнуваат некои датотеки, до тоа нивните печатачи да не работат.

За жал, „Мајкрософт“ ја отстранува можноста да се „прескокнат“ ажурирањата на „Виндоус 10“. Сега, корисниците на „Виндоус 10“ можат да го „паузираат“ ажурирањето седум дена во главната апликација „Виндоус ажурирање“.

Сепак, честопати потребно е повеќе од една недела за да се надминат сите проблеми во новите ажурирања, но можно е да паузирате пет пати по ред. Значи, практично, добивате максимум 35 дена пауза, пишува „Дејли експрес“.

Од друга страна, корисниците на „Виндоус 10 Про“ би можеле да изберат да блокираат ажурирања до 365 дена во делот „Напредни опции“. Ова е важно затоа што деловните корисници честопати се потпираат на Виндоус апликации и, ако ажурирањето има „грешки“ на почетокот, штетата на нивниот бизнис може да биде огромна.

Но, откако ќе се префрлите на „Виндоус 10“ верзија 2004 (мајското ажурирање на Виндоус 10), оваа можност е исклучена.

Отсега, секој што користи „Виндоус 10“, без оглед дали е тоа обична или Про верзија, ќе може да го паузира ажурирањето максимум 35 дена (еднаш на секои седум дена, и така пет пати).

Ова дури и не треба да претставува проблем, затоа што сите ажурирања се без грешки. Сепак, и сами знаеме колку страдаат корисниците на Виндоус, со оглед дека знаат дека секое ново ажурирање е како „мачка во вреќа“. А. Н.