Прогресивен Синдикат на Образованието – ПСО изготви Анализа за образованието во земјава погледнато од нивни стручен агол низ кусо истражување, која е резултат на неколкумесечни истражувања.
Во Анализата на Прогресивниот синдикат на образованието при ССМ се вели:
„ПСО во многу наврати потенцира дека нашето членство работи на неколку истражувања за квалитетот на образованието, Законот за наставници и стручни соработници, достоинствтото на просветните работници, социјалниот статус на просветните работници и стручни соработници и сите вработени во образованието во Македонија.
Правата на просветните работници и газењето на достоинството започна некаде во втората половина од 90-тите години со разни измени и дополнувања на законите за основно образование па со донесување на Законот за задолжително средно образование, па со укинување на патните трошоци за наставниците и другите вработени во образованието кои патуваа повеќе од 2,5 километри до своите работни места, па воведување на разни екстерни тестирања на учениците, казни на наставниците, заменски наставници и други небулози во образованието кои траат до денес па дури и се влошуваат.
Синдикалното движење треба да биде главниот заштитник на правата на работниците во секоја нормална држава.
Либерализацијата на синдикалното движење во образованието во кое има сега повеќе синдикати започна по задушувањето на штрајкот во образованието во 2015 година од страна на тогашното раководство во МОН и тогашното и сегашно раководство на СОНК.
Тогаш започна иако тлееше повеќе години.
Некои синдикати божемни главни „стражари“ на правата на работниците почнаа да ја осудуваат либерализацијата на синдикалното движење за да се заштитат самите себе (раководствата и првите луѓе) кои лично кои преку верни членови нарекувајќи ги другите синдикати „партиски“ или „таканаречени“ затоа што не мислеле како нив или како нивните ментори со кои се пазарат со години, за на крај последниве месеци да се изјаснат дека е добро да има повеќе синдикати на синдикалната сцена.
На СОНК во образованието прво им сметаше Наставничкиот пленум, Професорскиот пленум, другите пленуми па НСОН кој го нарекуваа „партиски“ и го обележуваа. Им засмета и сеуште им смета ПСО кој го нарекоа „таканаречен“ иако и двата други синдикати НСОН и ПСО дадоа безрезервна поддршка на штрајкот во образованието но малку со поинтелектуални изјави од раководството на СОНК.
Преку истражувањето се дојде до информации дека од 2015 година па до сега формирани се над 12 синдикати кои произлегле од стариот „стражар“ СОНК како НСОН, ПСО, Академскиот синдикат, Синдикатот на културата, Синдикатот на МАНУ, Синдикатите на скоро сите универзитети, Синдикатот на научните јавни установи и други, кои не припаѓаат на ниедна конфедерација или сојуз. За сите тие се слушаат изјави дека се кои партиски, кои таканаречени, кои неформални кои нерепрезентативни за главните стари „стражари“ на синдикализмот во Македонија.
Дали е подобро да има повеќе синдикати од образованието или еден синдикат.
Да ги видиме опциите.
Поголем дел од независноста на Државата имаше само еден синдикат СОНК.
Низ истражувањето се утврди зошто дојде до раслојување на синдикализмот во образованието и основање на повеќе синдикати (голем дел од нив самостојни и репрезентативни во своите области).
Двата главни виновници за раслојувањето на синдикализмот во образованието се утврди дека се државата која си игра со достоинството на работниците во образованието и СОНК, стариот „стражар“ кој е ортак на секоја власт во Македонија на штета на просветните работници.
Токлму затоа наведуваме само 6 (шест) драстични примери на пазарење или премолчувања преку пазарење од страна на СОНК и државата кон своите учители:
Пазар 1 -Вработување – во СФРЈ наставниците се вработувале на неопределено работно време од првиот работен ден, така било и во првите години од независноста. Многу труд е потребно да се најде точинот датум, но кон крајот на првата декада на 90 тите наместо од првиот работен ден за вработување на неопределено беа потребни 3 години. Подоцна тоа стана 4 години, па 5, со прекин или без прекин.
КОЛКУ повеќе бројот на години се зголемуваше ТОЛКУ повеќе се газеше достоинството на професијата наставник и наставниците беа претворени во статисти на партиските каравани и високи партиско-политички функционери во разни државни институции.
Ги имаше просветни работници на високи функционерски позиции и пред тоа време но не беа или не биле вакви како сегашниве. Тогашните дали не смееле или не сакале да го урнисуваат образованието останува непознатица додека сегашниве ниту сакаат а не знаеме дали смеат да се залагаат за квалитетно образование и достоинствена работа на наставниците или знаат само да прават притисоци и да го девалвираат образованието (во кое претходно работеле) на штета на учениците
Е сега целото тоа време имаше (1) еден дежурен „стражар“ платен од наставниците, стручните соработници, културните и научни работници и сите други вработени во образованието, културата и науката и ортак на државата а и на сите влади потоа.
Тоа беше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).
Пазар 2 – Патни трошоци – До 2010 патните торошоци се пресметуваа според оддалеченоста од местото на живеење, најмалку за 2.5km оддалеченост, НО со амин на „стражарот„ СОНК, државата патните трошоци ги внесе како покачување на платата од 900 ден. за сите наставници. Државата и СОНК ги предадоа своите учители кои работеа и работат во руралните средини во,селата а ги заштитија оние кои работат во поголемите населени места-градовите или меѓу народот попознати како најголемите села во државава.
Пазар 3 – Екстерното, државата и СОНК – Државата воведе дисциплинска мерка за учениците и наставниците во вид на екстерно оценување кое значеше и казни за наставниците што оценуваат „нереално“, а колку тоа оценување беше реално не требаше да се прашува. СОНК и тоа го премолчи.
Пазар 4 – Заменски наставници – Со измена и дополнување на законот за основното образование (член 50) за заменски наставници, de facto се поништи уставното право на штрајк. СОНК никогаш не дигна глас, ниту некој новинар го праша, ниту пак во 7 години постоење на тој закон смогна сили да го даде на Уставен Суд.
Заменските наставници никогаш не видоа правна примена, а екстерното беше укинато благодарение на активизмот на Наставничкиот Пленум, СОНК ниту мрднал ниту некој го прашал зошто не направил ништо против Екстерното и Заменските наставници.
Прогресивниот синдикат на образованието врз основа на истражувањето и анализата подготвува иницијатива до Уставниот Суд против членот 50 од законот за основното образование т.е. против членот 50 од Законот каде се внесени заменските наставници.
Пазар 5 – Забрана за исчленување – Голем дел од наставниците немаат доверба во СОНК, па во својот статут СОНК вметна забрана за исчленување, односно период на чекање од 3 години за исчленувањето да стапи на сила. СОНК е единствена организација со ограничување на исчленувањето, ни политичките партии не го прават тоа.
Пазар 6- Штрајкот на СОНК – Голема непознатица се барањата на СОНК во почетокот на заговарање на штрајкот во образованието беа процентите или сумите за кои СОНК почна да се пазари. Прво беше 44.000 денари за основно и 45.000 денари за средно образование плата за наставниците, па потоа по колективен договор иако со последната спогодба од 2019 година а и другите пред тоа се прекршија правата на наставниците да имаат усогласување по колективен па за на крај да се изјаснат дека би биле задоволни и со 18,4% зголемување како црвена линија.
Замислете колкава е разликата од 45.000 денари во првичното барање до 28.416 денари со 18,4% зголемување. Тоа се цели 16.584 денари загуба во пазарењето кое не го заслужуваат просветните работници. И на крај можеби ќе испадне море дај што даш само да не биде без ич па ќе видиме понатаму.
Тоа покажува дека раководството на СОНК не се добри пазарџии ни се добри организатори но се добри манипулатори и хушкачи само и само да опстанат како раководство.
Епилог – Сигурно ќе се запрашате кој е интересот на СОНК да работи против наставниците. Одговорот е сосема јасен,нетранспарентното финансиско работење на СОНК кое е добро чувана тајна. Членовите кои плаќаат членарина не знаат колку раководството на СОНК троши, колку пари одат за плати, колку пари примаат регионалните претставници на СОНК колку хонорари, колку пари се трошат за службени ручеци и патувања, клку пари се одлеваат од сметката на СОНК за домашните секојдневни набавки на раководството на синдикатот. Мислите ли дека платите ги трошат за домашни набавки? Можеби и дури платите не ги вадат од тековните бидејќи службените платежни картички на функционерите од СОНК се постојано во оптек во тровската мрежа. Ако се јавни информациите за потрошените народни пари од страна на државните функционери кои се ортаци на СОНК зошто наставниците членови на СОНК да не знаат кој ги троши нивните пари или тоа го знае само раководството на СОНК. Оттука било кое раководство на СОНК ќе направи се што треба и не треба само да го задржи трошењето тајно”, стои во споделената анализа.