Овој четврток (15-ти јули) во Кинотека на Р.С.Македонија, на летната сцена „Мирно лето“, во 20:30 часот, со проекција на концертот „Раде Шербеџија Западни колодвор бенд ХНК Загреб“, продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Croatia Records“. Додека животот во времето на т.н. светска пандемија навидум се враќа во некоја „нормала, а концертната сезона полека заживува, Кинотека и „Croatia Records“на скопјани, и на сите кои ова лето го поминуваат во градот, им нудат нешто проверено, убаво и ексклузивно.

Концертот на Шербеџија, докажан светски актер и музичар, вљубеник во Македонија, претставува врвно аудио-визуелно остварување. На концертот во ХНК, Раде, заедно со бендот „Западни колодвор“ изведе 21 песна, меѓу кои и култната „Не дај се Инес“ на Арсен Дедиќ, потоа „Остала си увијек иста“, „Чекај ме (Сеќавање на Есенин)“, „Барбара“, „Имам пјесму за тебе“, „Не марим да пијем“…, како и „Мени се душо од тебе не растаје“, создадена од перото на Џони Штулиќ. Концертот во ХНК беше одржан на 3-ти ноември 2019-та. Заедно со Шербеџија на сцената на ХНК таа вечер беа иАнтун Сташиќ (виолина, вокал), Ранко Пуриќ – Кампи (бугарија), Марјан Крајна (хармоника), Дарио Хлеб (електричен бас, контрабас), Пере Иштванчиќ (мандолина, тамбурица, вокал), Јура Врандечиќ (контрабас), Бранко Богуновиќ – Пиф (гитаре), Луција Јелушиќ и Ивона Шимуниќ (придружни вокали). Меѓу гостите се појавијаВлатко Стефановски, Дамир Урбан, Мими, Матеј Мештровиќ и Јуре Иванушиќ.

Техничката екипа која работеше на снимката, објавена на ова Blu-Ray издание на „Croatia Records“, кој овој четврток ќе биде прикажано во рамките на циклусот „Концерти во Кинотека…“, ја сочинуваа:

Видео продукција:

– сниматели: Марко Зељковиќ, Иван Андабак, Андреј Буниќ, Филип Башиќ, Данијел Брезак, Дарио Лепоглавец, Доналд Једвај, Санди Новак, Хрвоје Рамаѓа и Мишо Орепиќ.

– режисер: Марко Зељковиќ.

– продуцент на снимањетоНиколина Мазалин

Аудио продукција:

– микс, снимање и тон-мајсторДавор Смоталиќ за SmotkeSoundStudio.

– техничариБерко Муратовиќ, Давор Винцељ и Лука Смоталиќ.

Менаџмент и букинг:

– Амир Бахтијаревиќ – „Баба продукција“.

– производство: Croatia Records и CMC TV

– Blu-Ray authoring: Марио Календариќ.

– фотографии: Самир Цериќ Ковачевиќ.

– ликовно обликување: „Фабрика“, Сараево.

– уредник на изданиетоКлаудија Чулар.

– за „Croatia Records“ – Желимир Бабогредац.

Програмата стартуваше на 1 јули со концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“, па продолжи со концертот на Јосипа Лисац, а секој следен четврток во седмиот месец тековната година, ќе биде прикажан по еден концерт од богатата BLU-RAY програма на овој дискографски гигантДоколку на 15-ти јули заврне, настанот од летната сцена на Кинотека се преселува во внатрешноста на оваа установа, а влезницата е повеќе од симболична (100 денари). Стартот на проекцијата е во 20:30 ч.

Посетителите на овој настан ќе имаат прилика да се запознаат и со најновите изданија на „Croatia Records“, на штандот на „Zec Electronic“, дистрибутер за Македонија.

Веќе следниот четврток, на 22-ти јули, во рамките на циклусот ќе биде емитуван концертот на Амира Медуњанин во пулската Арена.