Радиостаниците денеска промовираа нова, досега необјавена песна  во изведба на Влатко Илиевски и хорот на Златно Славејче. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Љупчо Јакимовски а снимена е во студиото на Александар Митевски.

Неодамна беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста.

Песната е со наслов „Божиќна песна“.                             А.Н.