Денеска премиерно на Скај радио беше емитувана во етер најновата песна на Блаж Маротов, со наслов “Налеј една”.
Автор и аранжер на оваа убава балада во која провејува и рок и медитерански манир е самиот тој, додека текстот е на Дејан Ѓоргиевски, многумина ќе се потсетат, порано познат диџеј од некогашното МЏ радио.
Текстот и идејата за песната се стари речиси 20 години.
-По велигденската промоција на мојата  обработка на етно темата  “Дејгиди луди млади години” на МТВ, со што го најавив и големиот етно проект што ќе следува во текот на ова лето, деновиве решив да ја промовирам и “Налеј една”, песна чија изработка долго чекала. Чекав момент мелодијата за овој преубав текст сама да ми дојде, тоа се случи пред некое време, но она што го изненади и самиот текстописец е дека неговите убави стихови музички облик добиваат дури по цели 20 години. И самиот не веруваше, сепак одушевен е како звучи и од целата продукциска изработка. Со потпис на текст, од Дејан ја имам и песната ” Штом ќе  засвирам”, открива за медиумите авторот и изведувал и додава дека овој пат се решил за посуптилна медиумска промоција и претежно радиска, чувајќи ги силите за проектот што ќе го подготви летово, на големи ѕвона.
Во режија на Маротов, а со режисерка асистенција на Лена Заткоска Маротова е и спотот, зад чија изработка стои продукција “Валови”, а кој се снимаше во “Камник” , место за кое тој и неговата сопруга Јуле се емотивно врзани, поради долгогодишните свирки кои ги имаа во овој познан ресторан со неповторлив амбиент.
Повелете линк од спотот .