Денеска, 28 декември, во скопскиот хотел “Порта” беше промовирана публикацијата „Кон заштита и промоција на детските права: Политики и алатки за промовирање на основните права на безбедност, сигурност и заштита на детето во училишната средина“. “Целта на оваа публикација е да им послужи на училиштата како алатка за подобра превенција и заштита на детските права. Публикацијата е достапна на македонски, албански и ромски јазик во печатена форма, а во електронска и на англиски јазик. Материјалот во оваа публикација е структуриран во 3 елементи/поглавја, усогласен е со меѓународните документи, инструменти и стандарди за заштита на децата и нивните права, пилотиран е во три основни училишта и е во согласност со Законот за основно образование, „Службен весник на РСМ“, бр. 161 од 5. 8. 2019, чл. 5 и чл. 66.

Во делот на превенција можат да се од корист понудените, веќе изготвените алатки, инструменти, процедури, индикаторите на видовите насилства, злоупотреба, занемарување, особено затоа што во нивната изработка биле вклучени повеќе релевантни институции, согласно со меѓународните документи, а се пилотирани/тестирани во неколку основни училишта.
Понудените содржини во публикацијата, освен за превенирање можат да помогнат во развивање концепциски документи, подзаконски акти, развивање превентивни програми, бидејќи дефинираат видови насилства, злоупотреба, занемарување.
За жал, децата во училиштата не ретко се запуштени и изложени на разни видови насилство кои водат до долготрајни последици во нивниот развој и до кршење на нивните права. Во последнава деценија, насилството над децата се смета за една од најштетните и најопасните појави во детството на многу деца ширум светот. На фреквенцијата на оваа појава укажуваат речиси сите наоди и препораки од релевантните институции. Со оглед на изолираноста на овој проблем, недоволно се знае и се зборува за степенот на зачестеност на насилството, неговите видови и причините за неговото настанување во училиштата, како и начините на постапка при вакви случаи, а токму затоа тука е објавен и Протокол за постапување. Пријавувањето, постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите насилство од злоупотреба и занемарување, се утврдуваат со подзаконски акт (протокол) за кој е надлежно Бирото за развој на образованието.
Во член 5 од Законот за основно образование, „Службен весник на РСМ“, бр. 161 од 5. 8. 2019, се вели: – Заштита од дискриминација и промоција на еднаквоста во став 4 се наведува „вработените од ОУ се должни да промовираат еднаквост и праведност помеѓу сите ученици и активно да се спротивставуваат на сите облици на дискриминација и насилство“.
Во превентивни мерки и насоки се и превентивните програми кои нудат насоки за градење на тимови, потоа како тимот изработува програма, во програмата има дефинирани видови на насилства по злоупотреба и занемарување, разни видови активности, работилници, техники, методи, како да се зајакне соработката со родителите и позитивната дисциплина , клима и соработката во училиштето.
Исто така, во процесот за превенција и заштита од природни непогоди, опишани се конкретни упатства, насоки, правила (евакуација), соработка со други релевантни институции, министерства.

Оваа публикација е кратка, концизна, содржи значајни тематики за воспитно образовниот кадар, дефинира политики, процедури/алатки кои се воспоставени во праксата на училиштата и кои треба да помогнат во работата на наставниците, стручните служби и другите лица, органи и тела вклучени во воспитно-образовниот процес, кон заштита и промоција на детските права, градење на култура за безбедно и сигурно училиште, како и во градењето на мировното образование во образовно-воспитниот систем.
Публикацијата „Кон заштита и промоција на детските права: Политики и алатки за промовирање на основните права на безбедност, сигурност и заштита на детето во училишната средина“.
Публикацијата е изработена во текот на изминативе години и подготвена во рамките на проектот „Да ги земеме правата во нашите раце“, спроведуван од Првата детската амбасада во светот МЕЃАШИ во партнерство со Save The Children – Kosovo. Содржината се базира на извештаи од работата во училиштата, направени од стручни лица кои потоа се синтетизирани и уредени за поширока примена: проф. д-р Софија Георгиевска, д-р Стевко Стефаноски. Издавач е Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Публикацијата е изработена во рамките на проектот „Да ги земеме правата во нашите раце“, спроведуван од Првата детската амбасада во светот МЕЃАШИ во партнерство со Save The Children – Kosovo.