Во неделата во градскиот парк во опуштена и релаксирана атмосфера, весело, разиграно, надополнето со розови балони, превкусни јаболка, карирани ќебенца и скопски шлагери беше промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”.

Преполно со деца, домашни миленичиња, родители, баби и дедовци се направи журка за паметење враќајќи не назад во едно прекрасно време кога одењето на пикник беше задолжително речиси секој викенд и кога дружбата беше неповторлива и за момент посетителите ги оттргна од социјалните мрежи.

Му посакуваме на „Здраво Скопје“ добредојде и да продолжи да носи насмевки и да буди емоции.