четврток, април 25, 2024
домаПромоција на книгата „Се што знам за животот“ на Тихомир Јанчовски

Промоција на книгата „Се што знам за животот“ на Тихомир Јанчовски

Книгата „Се што знам за животот“ на Тихомир Јанчовски е дневник, прозно дело, кое низ субјективна перспектива на авторот ги задржува и јазички презентира доживувањата и појавите во свеста. По својата форма, книгата е дневник бидејќи, авторот бележи настани и појави на дневно ниво, а напишаните содржини од секој посебен ден се внесени со датум и временски референци. Освен тоа што е дневник, делото носи уште еден важен атрибут, имено е и филозофски дневник, а формално и тематски асоцира на егизстенцијалистичките мислители, пред се на Сорен Киркегор, авторот на „Дневникот на заводникот“ и Жан Пол Сатер, авторот на филозофскиот дневник „Тегобност“. Покрај специфичноста на пристапот, книгата обработува значајни онтолошки, епистемолошки, етички и естетички прашања и претставува вистински придонес во македонската филозофска мисла. Промотор на книгата: Проф. д-р Ристо Солунчев Предговор и уредник на книгата: Магдалена Стојмановиќ.

Промоцијата е закажана за 20 Јуни, недела, во книжарница Буква, со почеток во 20 часот.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ