четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаПромоција на песната „Друг да ме нема“ на Магдалена Алексовска - Маги

Промоција на песната „Друг да ме нема“ на Магдалена Алексовска – Маги

Вчера,  1 јуни, преку каналот Јутјуб беше промовирана новата песна  на Магдалена Алексовска – Маги, „Друг да ме нема“.
 
Музиката е на Кирил Бабамов, текст Весна Малинова Бабамов, аранжман: Кирил Бабамов, продуценти Кирил Бабамов, Дејан Момироски и Весна Малинова Бабамов. Снимање, едитирање, микс и мастеринг XL Момироски Студио.  Акустична гитара Кирил Бабамов, електрична гирата Зоран Костадиновски, бас гитара Кирил Бабамов, перкусии Ратко Даутовски, саксофон: Здравко Ангелов, Видео Moonlight Production, светло: DVD Rental & Про_Лајт, едитирање Благоја Торевски, сценарио Магдалена Алексовска, кореографија Елена Терзиева, танчер Just Daniels.
Да потсетиме, Маги е пејачка, кантавторка, флејтистка. Студира музика како стипендистка на престижниот Вагнер колеџ во Њујорк. На пошироката јавност и стана позната по улогата на госпоѓица Хениген во мјузикл „Ени“. Пред тоа и се претстави и на европската јавност, кога испеан во дует, а со своја авторска песна “Плетенка” ја претставуваше Македонија на “Детската Евровизија 2015”  во Софија. Нешто потоа на “Американ Протеже” во Њујорк ја доби шансата да ја запее на најголемата сцена во Карнеги хол, во Исак Стерн Аудиториум.
Исто така, своевремено има остварено забележани настапи  на “Златно славејче”, на интернационалниот детски фестивал „Славјански Базар“ 2013 во Белорусија, а учествувала и добивала награди на натпреварот „Езерски Бисери“ во Струга, и тоа неколку пати. Но и на „Ѕвездички“ во Прилеп каде што во 2016 година освои Гран при и учество на интернационалниот фестивал “Riga symphony” во Рига, Летонија каде освои Прво и Трето место. А во Варна, Бугарија на натпреварот „Art Stars“ освои прво место.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ