Три лица се приведени во Скопје под сомнение дека краделе и препродавале велосипеди и против нив се поднесени кривични пријави.

Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, краделе велосипеди од  подрумски простории и станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, Х.К.(53) од Скопје кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови.

Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.

МВР во врска со извршените кривични дела ги повикува сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 09 до 15 часот за препознавање на велосипеди. А.Н.