фотографија од Фејсбук

Утринава е пронајдено телото на прилепчанката Весна Николоска (50), сопственичка на слаткарницата „Дизниленд Трејд„ во водите на прилепското езеро, а нејзиниот син објави на фејсбук дека потрагата е завршена.

Паралелно со ова стаса соопштение од МВР во ко се вели:

-Денеска во 09.15 часот во водите на езерото кај рудникот ,,Сивец” во Прилеп било пронајдено телото на В.Н. (50) од Прилеп, за која нејзиниот сопруг Т.Н. (51) на 17-ти декември пријави дека се оддалечила од домот. Увидот бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција – информираат од МВР.

Само колку за потсетување на Николовска и се изгуби траг на 16-ти декември, откако во непознат правец заминала од нејзиниот дом, а за тоа на социцијалните мрежи објавија нејзините синови и бараа помош. Два дена по неа трагаа стотици доброволци од општината. Вчера , потрагата се прошири и во Кавадарци и Неготино, откако на социјалните мрежи се сподели вест дека неколку лица наводно ја забележале како купува свеќи во близина на црквата во Кавадарци, а потоа и на автобуската станица во градот.

А.Н.