ST PETERSBURG, RUSSIA - FEBRUARY 19, 2020: Customers at the BWCafe designed by artist Anfisa Toshina in central St Petersburg. The cafe's interior is painted in white with black lines, which creates a 2D illusion. Alexander Demianchuk/TASS, Image: 499613070, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Alexander Demianchuk / TASS / Profimedia

Агенцијата за храна и ветеринарстви донесе предлог мерки справување со пандемијата за угостителска дејност, и тоа за  угостителски објекти за исхрана, како и угостителски објекти за сместување во кои што се подготвува и послужува храна за гостите. Мерките се во насока на подговување на угостителските објект за почеток со работа.

Според предлог мерките меѓу другото се препорачува вработените да ја одржуваат препорачаната дистанца од 1,5 – 2 метри, како помеѓу себе, така и при комуникација со потрошувачите. Има препорака и дека вработените задолжително треба да ги мијат рацете со сапун и вода во времетраење од 20-40 секунди, а по потреба да извршат и дезинфекција, а дезинфекцијата на рацете да се врши со раствори на база на алкохол во концентрации не помали од 70% или пак со соодветни гелови.
Вработените во рестораните ќе мора да носат заштита на лицето, а зависно од работното место да се обезбеди и друга дополнителна заштитна опрема како што се штитови за лице, водонепропустливи престилки, гумени ракавици и чизми.

По завршување на работното време маските, ракавиците и другата заштитна опрема за еднократна употреба да се стават во сад со поклопец само за таа намена пред нивното отстранување.

Што се однесува во делот за послужување и поставување се предлага на една маса да биде максимум за 4 лица сместени на површина од 10 квадратни метри. Растојанието од задниот дел од столицата до задниот дел од столицата на соседната маса да се на растојание од најмалку 1 метар, а гостите да се гледаат едни со други на растојание од најмалку 1, 5 метар.

Работодавците не треба да бараат позитивен резултат на тестот КОВИД -19 или белешка од давателот на здравствена заштита за вработените кои се болни да ја потврдат својата болест, да се квалификуваат за боледување или да се вратат на работа.

Се предлага во помалите објекти, да се разгледа можноста за шалтерско послужување.

Во однос на препораките за растораните се препорачува честа дезинфекција, како и употреба на крпи за чистење за еднократна употреба. Приборот направен од текстил, како и работните униформи на вработените, ставајте ги во вреќи за перење без при тоа да се подига прашина, на тој начин ќе се одбегне контаминација на околните површини, а перењето треба да се врши на температура повисока од 70 степени.
При влез и излез во и од просториите во кои се служи храна и/или пијалаци вработените и гостите задолжително да ги дезинфицираат рацете.

Се препорачува да се порачува он лајн храна, со цел да се ограничи присуството на гостите во објектот. Во препораките на Агенцијата се вели терминалите каде што се врши плаќање на купените производи да се дезинфицираат по секоја извршена наплата, а наменските возила за дистрибуција на храна најмалку еднаш на ден да се чистат и дезинфицираат.

Н.С.