четврток, април 25, 2024
домаПрофесорка од Кембриџ: Корона вирусот повеќе не мутира толку брзо

Професорка од Кембриџ: Корона вирусот повеќе не мутира толку брзо

Велика Британија треба да престане да со опсесијата околу нови ковид варијанти, бидејќи вакцините можат да ги запрат, иако не го убиваат вирусот целосно, изјави денеска шефот на тимот од Оксфорд што ја направи вакцината, Ендру Полард. Професорката Шерон Пикок, пак, која работи за британската влада, вели дека корона вирусот повеќе не мутира толку брзо.

Професорката Пикок, од Универзитетот во Кембриџ, која го предводи Ковид геномскиот конзориум при британската влада, вели дека вирусот можеби достигнал стагнација во мутацијата и дека веќе не се менува толку брзо, објави „Дејли меил“.

Таа рече дека се појавуваат помалку нови мутации и дека вирусот покажува „отстапување од еволуцијата“, во која различни соеви почнуваат да изгледаат слично. Иако мутациите на вирусот се случуваат случајно, единствените што преживуваат се посилните соеви.

Професорката Пикок вели дека е можно корона вирусот да достигне оптимална сила и да престане да развива мутации, бидејќи тој повеќе не може да се подобрува.

Досега се појавија британски, бразилски, нигериски, јужноафрикански, њујоршки и калифорниски соеви на корона вирусот. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ