Со денешната Одлука на Владата се укинува државниот карантин за македонските државјани кои влегуваат во државава, но се уште нема Одлука кога ќе се отвори границата. Според протоколот за постапување при влез на сите македонски државјани во земјава, задолжителниот државен карантин се заменува со домашна изолација доколку при влегување на територијата на нашата држава приложат негативен ПСР-тест на КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава.

Премиерот Оливер Спасовски рече дека на предлог на МНР во соработка со Комисијата за заразни болести е подготвен и протокол за странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства, кои доколку приложат потврда за негативен ПСР-тест направен 72 часа пред влезот, ќе можат тековно и непречено да ја извршуваат работата без упатување во домашна изолација.Спасовски рече дека Комисијата за заразни болести е задолжена да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници и да подготват протоколи за влез и излез од земјава.

На прашањето на ТЕХТ.МК дали патниците ќе можат да се прават по пристигнување на граница, министерот Филипче кажа дека во моментов на граница не може иако има еден некористен капаците од тестови кои беа донација, но во секој случај таа опција постои откако некој е сместен во државен карантин да побара да направи тест во ИЈЗ или во приватна лабораторија.

Н.С.